Фудбал
Модриќ: Можам да бидам на ова ниво со години!
Договорот на капитенот на хрватската фудбалска репрезентација со Реал Мадрид истекува следното лето, и тој искрено се надева дека лесно може да се случи продолжување на истото.
„Убеден сум дека ќе постигнеме договор, каков и да биде, или за продолжување на договорот или за моето заминување во друг клуб. Тука се чувствувам како дома“, рече Модриќ на прашањето за новиот договор со Кралскиот клуб.
Лука Модриќ минатиот месец наполни 35 години и е најстариот играч на Реал Мадрид, а сегашниот договор со Реал е до 30 јуни 2021 година.
Тој пристигна во Реал Мадрид летото 2012 година на општо незадоволство на навивачите на овој клуб, кои подоцна жалеа поради тоа, бидејќи Лука од тогаш освои 17 титули, од кои четири во Лигата на шампионите. Во белиот дрес на „кралскиот клуб“, тој забележа 343 настапи и постигна 22 погодоци.
„Не знам дали ќе бидам тренер по мојата кариера како играч. Ќе видиме. Би сакал да останам во фудбал затоа што тоа е мојот живот. Имам уште неколку години да играм. Се чувствувам навистина добро, силно, па верувам дека можам да продолжам на ова ниво уште неколку години“- изјави добитникот на Златната топка, наградата за најдобар играч на светот од 2018 година.