Connect with us

Фудбал

Модриќ се огласи на Инстаграм. Легендите на Реал и Челзи му честитаат

Фудбалската репрезентација на Хрватска го совлада домаќинот Холандија со резултат 4:2 во полуфиналето од Лигата на нации. Избраниците на Златко Далиќ се пласираа во финалето кое се игра в недела, а вечерва ќе дознаат дали противници во борбата за трофејот ќе им бидат Италијанците или Шпанците.

Првите 90 минути од натпреварот завршија со резултат 2:2 по головите на Дониел Мален и Ноа Ланг на едната и Андреј Крамариќ и Маријо Пашалиќ на другата страна. Во продолжението Хрватска победи преку Бруно Петковиќ и Лука Модриќ кој беше играч на натпреварот.

Тој го изнуди пеналот кој Крамариќ го претвори во гол, асистираше на Бруно Петковиќ и самиот го реализираше пеналот во судиското продолжение за потврда на победата. Сега тој се огласи преку својот Инстаграм профил, а во коментарите под објавата му честитаа многу познати имиња.

Тука се голманот на Реал, Тибо Куртоа и поранешните соиграчи од кралскиот клуб, Марсело и Мајкл Есиен, поранешен репрезентативец на Гана и легенда на Челзи. Го контактирале поранешниот соиграч од Тотенхем, Роби Кин и поранешниот хрватски репрезентативец Данијел Прањиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luka Modric (@lukamodric10)