Connect with us

Фудбал

Мохамед Салах заминува, но во два случаи?!

Во Англија се почесто се спомнува можноста дека наскоро Мохамед Салах би можел да замине. Египѓанецот е мета на Реал Мадрид, а од друга страна во Ливерпул би требало да отвори простор за „свежа крв“. Од тројцата напаѓачи, Клоп единствено е подготвен да го жртвува него, бидејќи Мане и Фирмино наводно се недопирливи.

Што мора да се случи па Ливерпул да го продаде Салах.

Да се постигне договор со еден од двајцата фудбалери кои ги посакува Клоп, а тоа се Килијан Мбапе или Џејдон Санчо. Со парите на Салах Ливерпул сигурно би можел да плати еден од овие двајца играчи.

Доколку се договори Ливерпул со еден од овие играчи, тогаш сигурна ќе биде продажбата на Салах, пишуваат англиските медиуми.