Фудбал
Монтела доби ултиматум од раководството на Милан
Тренерот на Милан, Винченцо Монтела, доби ултиматум од раководството на клубот, да победи на следните два дерби натпревара за да ја задржи својата функција.
Раководството на Милан е многу разочарано од поразите од Лацио (4:1) и Сампдорија (2:0), а медиумите во Италија пишуваат дека се поизвесна е смената на Монтела.
Сепак „авиончето“ ќе добие шанса да се докаже, но мора по секоја цена да се освојат шест бода од дуелите со Рома на 1 октомври и Интер на 15 октомври.
Дури и самиот Монтела не го криеше разочарувањето од својот тим по поразот во Џенова.
– Критиките кон нас се целосно заслужени. Факт е дека игравме многу слабо. Мојата задача е да испитам зошто е тоа така и да не дозволуваме тоа да се повтори. Имав разговор со раководството. Треба да изградиме менталитет на победници и да го постигнеме потребниот баланс, рече Монтела.
Милан е на 6. место во Серија А со 12 поени, далеку од амбициите за највисок пласман со кои ја почна сезоната.