Connect with us

Фудбал

Монтела се уште ја ужива довербата кај управата на Милан

Директорот на Милан, Масимилијано Мирабели и покрај поразот од Рома (0:2) има доверба во тренерот Винченцо Монтело.

Ова изјава е спротивна на неодамнешните најави од раководството дека во случај Милан да не ги освои бодовите на натпреварите со Рома и Интер, ќе следува отказ за тренерот.

– Боли кога ќе се изгуби натпревар, посебно ваков. Игравме против голем тим. Милан беше рамноправен, во одредени моменти и супериорен, но немавме среќа да постигнеме гол, изјави Мирабели.

Тој очекува резултатите да дојдат во многу скоро време.

– Имаме нов тим, а тренерот нема волшебно стапче. Не може веднаш да се добијат некои резултати. Ние имаме група на играчи кои допрва треба да станат тим. За нас Монтела за сега работи добро. Се надеваме дека неговата работата ќе донесе добри резултати, рече Мирабели.

Милан има биланс од четири победи и три порази по седум рунди во Серија А.