Фудбал
Монтела задоволен од постигнатото во првите пет кола
Тренерот на Милан, Винченцо Монтела смета дека неговиот тим има успешен старт сезонава и е задоволен од прикажаното во првите пет рунди од Серија А.
Милан синоќа го победи СПАЛ со 2:0 и има четири победи од можните пет.
– Со оглед на многуте нови играчи, сметам дека почетокот на сезоната е добар. Не е лесно тимот да се воигра уште од одма и затоа очекувам уште подобри изданија како што ќе поминува времето. Овој тим има капацитет за големи резултати. Наше е со работа да го искористиме потенцијалот, изјави Монтела.
Тој се осврна и на формацијата во која Милан го одигра дуелот со СПАЛ.
– Одлучив да играм во формат 3-5-2, бидејќи ни дава поголема сигурност. Ми се допадна како изгледавме на теренот, но има уште многу да се направи за се да функционира како што посакувам. Нашата одбрана е релативно стабилна, освен на мечот со Лацио.
Милан по 5.коло е на четвртото место во Серија А со 12 бодови, три помалку од водечките Наполи и Јувентус.