Connect with us

Фудбал

Монтереј е противникот на Ливерпул на Светскиот куп во Катар

Мексиканскиот клуб Монтереј ќе игра во полуфиналето на Светскиот куп во Катар, откако вечерва во четвртфиналето го совлада домашниот Ал-Сад со 3:2.

Во полуфиналето, Монтереј ќе игра против Ливерпул.

Европскиот шампион Ливерпул, заедно со првакот на Јужна Америка, Фламенго директно се пласираа во полуфиналната фаза.

Ривал на бразилскиот тим Фламенго во дуелот за влез во финалето ќе биде Ал-Хилал од Саудиска Арабија.