Ракомет
Мораеш на домашно лекување по повредата со Барселона
Пивотменот Рожерио Мораеш денеска е пуштен на домашно лекување откако му беше извршен хириршки зафат на носот. Неделава ќе има и контрола по што ќе има и повеќе информации околу должината на неговото отсуство од теренот.
Сигурно е дека ќе ги пропушти двата натпревари од СЕХА Газпром лигата против ППД Загреб и Целје.
Бразилскиот интернационалец беше повреден во второто полувреме на натпреварот против Барселона. При еден напад на гостите, при резултат 20-15 раката на противничкиот играч заврши директно во главата на Рожерио. Мораше да интервенира лекарската екипа, а тој беше веднаш пренесен во болница.
Рожерио Мораеш одигра голем дел од натпреварот против Барселона, постигна 1 гола, беше одличен во одбрана и лавовски се бореше со ривалските играчи и во нападот. „Црвено-црните” победија со 27-24, што е наша прва победа над шпанскиот првак во Скопје во лигата на шампионите.
Со новите бодови Вардар ја задржа челната позиција во А групата од лигата на шампионите, и по 5 одиграни натпревари има девет бодови.
Во следното коло во ЛП, Вардар гостува кај Кристијанштад во Шведска.