Connect with us

Фудбал

Мота џентлменски призна: Заслужив да бидам исклучен

Тренерот на Јувентус, Тиаго Мота е задоволен од ремито 2:2 со Болоња. „Старата дама“ губеше со 0:2, но успеа да израмни. Стратегот е среќен што неговиот тим покажа срце за да се спаси од пораз.

Тренерот доби црвен картон од судијата, но призна дека тоа е правилна одлука.

“Маркети беше во право што ме исклучи. Се пожалив, направив гест што не требаше да го направам. Отидов предалеку со моите жалби”, призна Мота.

Тој зборува и за претстојниот натпревар со Манчестер Сити во Лигата на шампионите.

„Ова не е најдобриот момент да се соочиме со Манчестер Сити, но ќе пристапиме на вообичаен начин. Ќе се обидеме да го ограничиме нивниот стил на игра и максимално да ги искористиме нашите сили и нашата стратегија“, заклучи тренерот.