Connect with us

Кошарка

Можело и без Лука Дончиќ, на Милвоки на му помогна „монструозниот“ Адетокунбо

Далас без својата прва ѕвезда сезонава Лука Дончиќ ја прекинаа серијата од 18 победи на Милвоки, на кои не им помогна ниту уште една „монструозна“ партија на Јанис Адетокунбо.

Дончиќ заработи незгодна повреда на зглобот па ќе паузира до Нова година, а во негово отсуство добро се покажаа Кристапс Порзингис и Сет Кари со по 26 поени во победата на Далас над Милвоки со 120:116.

Милвоки беше предводен од Адетокунбо со уште една фантастична партија од 48 поени и 14 скокови, но тоа не беше доволно за триумф.

Резултати:

Детроит – Вашингтон 119:113

Торонто – Кливленд 133:113

Хјустон- Сан Антонио 109:107

Мемфис – Мајами 118:111

Милвоки – Далас 116:120

Оклахома – Чикаго 109:106

Феникс – Портланд 110:111