Connect with us

Фудбал

Можно ли е Меси летово да замине од Барселона? Еден клуб се надева на такво нешто

Лионел Меси се почесто влегува во вербален конфликт со челниците на Барселона, а дел од медиумите дури отидоа до таму и тврдат дека во летниот преоден рок може да замине. Британските медиуми веднаш напишаа дека во таков случај негов прв избор ќе биде Манчестер Сити.

Последниот негов вербален дуел беше со спортскиот директор Ерик Абидал, кој критикуваше дел од играчите дека со нивното незалагање практично го „избркале“ тренерот Валверде, а Меси застана во одбрана на соиграчите.

Шпанските медијми објавија дека е можно Абидал да биде отпуштен, а британските со друг текст или надеж, дека Меси ќе замине и дека ќе се пресели во Премиер лигата.

Да потсетиме дека шесткратниот освојувач на Златната топка има клаузула во договорот со Барселона која му овозможува да го раскине договорот на крајот од секоја сезона, нешто случно имаа Иниеста и Карлес Пујол.