Фудбал
Можно ли е ново „предавство“, Барселона во контакт со играч на Реал Мадрид?!
Шпанските медиуми објавија дека по седум години Марко Асенсио најверојатно ќе замине од Реал Мадрид. Неговиот договор истекува за шест месеци, а двете страни не можат да се договорат околу продолжување на соработката. Ситуацијата наводно се обидува да ја искористи Барселона која контактирала со 27 годишниот фудбалер. Контактот бил преку супер талентот Жорж Мендеш кого Асенсио го ангажирал пред извесно време наместо долгодишниот негов менаџер Ораси Гаџиоли. Сепак, медиумите пишуваат дека не е само Барселона контактирана, туку има и уште неколку тимови од Премиер лигата кои чекаат разврска на ситуацијата на Асенсио со Реал Мадрид.