Connect with us

Фудбал

„Мундо Депортиво“: Лионел Меси ќе ја освои „Златната топка“

„Франс фудбал“ ја објави листата на кандидати за „Златната топка“, но се чини дека двајцата кои ќе бидат во тесна трка се Вирџил Ван Дајк и Лионел Меси. Холанѓанецот со Ливерпул ја освои ЛШ и УЕФА Супер купот, а заврши на второто место  во Премиер лигата. Во моментов е најдобар дефанзивец.

Од друга страна, пак, Лионел Меси има шампионска титула со Барса, но за останатото се е историја.

Според „Мундо Депортиво“ главен фаворит е Лионел Меси и тие предвидуваат дека Аргентинецот повторно ќе се закити со ова признание. Досега тој пет пати ја освојуваше „Златната топка“.