Connect with us

Фудбал

Мурињо бесен на своите играчи: Само тие можат да објаснат зошто одиграа толку лошо

Серијата без пораз на „Црвените ѓаволи“ попладнево беше прекината, и тоа на големо изненадување, новајлијата Хадерсфилд со 2-1 го совлада фаворитот Манчестер јунајтед, пишува mkd.mk

„Хадерсфилд одигра онака како што требаше, како што јас сакам и како што трбеа да се игра. Во нивната игра имаше се: агресивност, желба, мотивација, пожртвуваност. Во нашата игра немаше ништо. Тимот кој заслужи да победи на крајот и победи” – вели Жозе Мурињо.

„Беше изненадување, но таква е реалноста. Беше изненадување, но се случи. Мене ми е прилично лесно да кажам дека тимот кој заслужи да победи, на крајот победи”.

„Не паметам пријателси натпревар на кој нашиот пристап бил толку лош. Во второто полувреме се обидовме да го поправиме впечатоткот, можевме да стигнеме и до реми, но тоа ќе беше незаслужен бод”.

„Навистина сум разочаран, и ако јас бев навивач на Манчестер јунајтед а не менаџер, ќе бев премногу разочаран. Можете да загубите од противник кој е поквалитетен, но не и да загубите поради тоа што противникот имал подобар пристап”.

Жозе Мурињо дополнително збесна поради интервјуто на Андер Ерера, кој изјави дека играчите на Хадерсфилд биле поагресивни и играле со поголема страст.

„Нашето однесување на теренот беше навистина лошо, па кога ќе загубите поради пристапот, тоа боли” – додава „Специјалниот“.

„Го слушнав Ерера како во интервјуто вели дека пристапот и желбата биле на ниско ниво. Господе, кога играч ќе го каже тоа, мислам дека сите треба да се појават на прес и да објаснат бидејќи јас не можам да објаснам што се случи”.

mkd.mk