Фудбал
Мурињо: Манчестер Јунајтед има шанси да ја добие титулата, во тој случај очекувам медал и исплата на бонус

Манчестер Јунајтед ја чека титулата во Премиер лигата цели 11 години и ќе чека уште некое време ако ги погледнете резултатите само на теренот. Сепак, постојат некои индикации дека би можел да добие трофеј доколку Манчестер Сити биде прогласен за виновен за прекршување на финансиското правило додека трае постапката.
Сити е обвинет дека ги прекршил правилата во над 100 случаи, поради што градскиот ривал Јунајтед на „зелена маса“ гледа шанса да ја освои титулата од сезоната 2017/2018.
Поточно тренерот на Фенербахче Жозе Мурињо кој тогаш ги предводеше гигантите од Олд Трафорд до титулата вицешампион во Англија отиде чекор подалеку и вели очекува бонус.
– Мислам дека Манчестер Јунајтед се уште има шанси да го освои трофејот за таа сезона, доколку Сити биде казнет. Во тој случај се надевам дека ќе ми дадат медал и ќе ми платат бонус – изјави Мурињо.