Connect with us

Фудбал

Мурињо најави голем трансфер – „Реал спрема голема сума, а јас сѐ уште се мислам“

Жозе Мурињо, прославениот португалски тренер, моментално е без ангажман, но делеку од тоа да седи со скрстени раде. Некогашниот стратег на Реал Мадрид ги разбира случувањата во клубот, но и открива поради што ќе се врати во фудбалот.

Реал Мадрид после три освоени Лига на шампиони и трофеи на домашната сцена, оваа сезона остана со „кратки ракави“. Во Примера беа трети, а во Лига на шампиони натпреварувањето го завршија во четвтфиналето, а одисеја во Купот е завршена во полуфиналето. По неуспешната сезона во реномираниот клуб, потребен е ремонт, а за тоа зборува и Мурињо.

„Направија промена на тренерот. Тие вложија големи пари (во летниот прелазен рок). Секогаш било циркус во Реал Мадрид, во големите клубови тие се уште постојат. Сега ќе донесат неколку играчи, и треба да обезбедат добри играчи и ќе има фантастичен напад, вели Мурињо.

Запрашан за тоа дали можеби Мурињо ќе седне на клупата на Реал, тој не открива детали.