Фудбал
Мурињо не го оствари ветеното, Марсијал се сели во Шпанија
Барселона ќе се обиде за време на летниот преоден рок да ги осигура услугите на францускиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Ентони Марсијал.
Барселона се спремни да понудат 60 милиони евра за Марсијал, доколку не се согласи Мурињо и Јунајтед, вицешампионот на Шпанија е подготвен во обратната насока да го испрати хрватскиот интернационалец Иван Ракитиќ.
Раководните лица на каталонскиот гигант се убедени дека Марсијал ќе биде идеална замена за уругвајскиот интернационалец Луис Суарез.