Connect with us

Фудбал

Мурињо не мирува: Договорено првото јануарско засилување на Рома

Оваа сезона Рома не може да го најде вистинскиот ритам и да почне да игра онака како што се очекува од нив.

На некои натпревари избраниците на Мурињо играа добро, но недостигаше реализација и затоа не освоија бодови.

Иако направија многу добра работа во последниот преоден рок, особено кога е во прашање доведувањето на Дибала, Мурињо сака повеќе засилувања.

Иако е само септември, Мурињо веќе ги договорил првите јануарски засилувања, барем ако им се верува на медиумите во Италија.

Имено, откако неговата Рома беше поразена со 6:1 во Конференциската лига лани на гостувањето кај Бодо/Глимт, Мурињо забележа еден фудбалер.

Неговото име е Ола Солбакен, на тој натпревар постигна два гола, а со своите потези ги полуде играчите на Рома.

По неполна година од таа средба, според италијанските медиуми, договорен е трансферот на Солбакен во Рома.

Овој крилен напаѓач со тоа во јануари ќе премине во Рома како слободен играч и ќе биде првото засилување во тој преоден рок.

Тој ќе потпише договор со Рома до 2027 година, а неговата годишна плата ќе биде еден милион евра.

Останува да се види како ќе се снајде во Рома, но со оглед на тоа што Мурињо инсистираше да го доведе, сигурно е дека има големи планови за него.