Connect with us

Фудбал

Мурињо откако доби жолт картон поради „ѕиркање“ на тактика на противникот: Бев непристоен, но кон идиот

Иако е 1-ви јануари, Мурињо веќе влезе во изборот за гаф на годината. Тотенхем загуби на гостувањето кај Саутемптон со 1:0, а Мурињо заработи жолт картон поради тоа што отиде до клупата на противникот и „ѕиркаше“ во нивната тактика.

По мечот изјава во негов стил.

-Заслужив жолт картон, без сомнение, бев непристоен. Но, упатив неколку зборови на еден идиот, изјави Мурињо.