Connect with us

Фудбал

Мурињо поголем оптимист од Куман за пласманот на Евертон

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо по победата над Евертон на Олд Трафорд со 4:0 во 5. коло од англиската Премиер лига, изјави дека гостите од Ливерпул се добар тим и заслужуваат да бидат меѓу четирите најдобри.

Со оваа констатација не се сложи менаџерот на „карамелите“ кој очекува неговиот тим на крајот на сезоната да биде околу седмата позиција.

– Слушнав дека мојот колега рече дека треба да заземеме место во Топ 4, бидејќи потрошивме 140 милиони фунти за трансфери. Некој навистина верува во нас? Не сум задоволен од почетокот на сезоната, но ни треба време, рече холандскиот стратег.

Куман додаде дека реално е да се очекува Евертон да го повтори пласманот од минатата сезона кога заврши на седмата позиција.

Евертон по пет рунди во Премиер лигата се наоѓа при самото дно на табелата со само една победа, еден нерешен резултат и три порази.