Фудбал
Мурињо: „Сигурен сум дека нема да ја завршам кариерата во Јунајтед“
Мурињо е во својата втора сезона во Јунајтед и ја освои Лигата на Европа и Лига Купот, додека овој пат неговата цел е Премиер Лигата и Лигата на шампионите.
Сепак, 54-годишниот Мурињо укажа на тоа дека сака да тренира во други клубови откако ќе го напушти Јунајтед.
“Единствено што можам да кажам е дека сеуште сум тренер со грижи, амбиции, желби да направам нови работи и да имам успеси”, изјави тој за Телефут.
“Сигурен сум дека нема да ја завршам мојата кариера овде (во Манчестер)”.
Мурињо има договор со Јунајтед до летото 2019 година, но останува да се види дали ќе остане во клубот по договорот.