Фудбал
Мурињо во негов стил по мечот со Челзи: Во трката за титулата ние сме како пони
Во неатрактивен меч, Жозе Мурињо и Тотенхем одиграа 0:0 на гостувањето кај Челзи. Со овој бод Тотенхем остана на првото место со 21 бод, исто колку и Ливерпул кој е втор, а Челзи е трет со 19 бодови. По мечот, Жозе Мурињо со изјава во негов стил.
-Не сме дел од трката за титулата, затоа што во една таква конкуренција ние сме како пони. Челзи е еден од тимовите кои се најголеми фаворити. Во моментов се два бода зад нас…, вели Мурињо, кој притоа додава:
-Бевме подготвени да го казниме Челзи ако преземеше ризик да нападне. Но тоа, е….Не сме задоволни со ремито, вели Португалецот.