Connect with us

Фудбал

Мурињо во свој стил: „Амазон“ може да сними епизода само од нашите грешки

Тотенхем за малку ќе се посрамотеше против Норич, во моментов најлошиот тим во лигата, но од пораз ги спаси прецизно изведениот пенал на Хари Кејн,

По мечот, се разбира Мурињо не беше задоволен од играта на своите играчи, и мечот го прокоментира во свој стил.

-Мислам дека истите грешки во одбраната ги правевме и во првиот и во вториот дел. Ми се чини дека ова станува некаков стандард во нашата игра. Ако „Амазон“ работи емисија за нас, една епизода може да снимат само за грешките во одбраната кои ги правиме и за тоа какви голови примаме, изјави Мурињо.

Тотенхем во моментов е на 6-то место со 30 бодови, два помалку од Челзи на четвртото место, последната позиција која носи пласман во Лигата на шампионите.