Connect with us

Фудбал

Мурињо за суспензијата на Манчестер Сити: Значи ли тоа дека ќе добијам титула!?

По мечот со Астон Вила и победата од 3:2, меѓудругото Жозе Мурињо беше прашан и за суспензијата на Манчестер Сити од УЕФА.

Тој одговори во свој стил.

-Не сум во позиција многу да ја анализирам таа ситуација. Тоа треба да го прават УЕФА и ФИФА, но морам да прашам, дали тоа значи дека второпласираниот тим од 2018-та година би ја добил титулата? Да или не? Тоа би било многу интересно, изјави Мурињо смешкајќи се.

Инаку, во сезоната 2017/2018-та година, Мурињо и Манчестер Јунајтед завршија на второто место зад Манчестер Сити.