Фудбал
Мурињо загуби од Наполи, па во свој стил: Како се викаше оној фудбалер што паѓа постојано!?
Рома на домашен терен загуби од Наполи со 0:1. Единствениот гол беше дело на Осимхен кој постигна прекрасен гол и тоа во единствениот случај кога му „избега“ на дефанзивецот Смолинг. Рома беше очајна во нападот, а доволно за тоа говори податокот дека немаа ниту еден директен удар во рамките од голот на гостите.
Сепак, Мурињо по мечот во свој стил.
-Наполи е навистина добар, но кога погледнав колку имаме картони, уморни и неспремни играчи, сфатив дека тешко ќе дојдеме до победа. Спинацола мораше да го запре оној кој постојано паѓа. Како се викаше тој? Онај што само паѓа и лежи на трева… Лозано!, изјави Мурињо.