Connect with us

Фудбал

Мустафи: Се плашев од Михајловиќ, сепак сум Албанец, но…

Дефназивецот на Арсенал Шкодран Мустафи во разговор за странски медиум се присети на соработката со Синиша Михајловиќ

Мутафи со српскиот стручњак соработуваше кога во Италија играше за Сампдориа. Кај него созреа како играч, но во почетокот, кога дозна дека тренер е Михајловиќ не беше претерано среќен.

Се плашел дури иза својата кариера…

„Да, се уплашив. Јас сум Албанец, а тој е Србин. Сепак, токму тој беше човекот кој ми влеваше самодоверба, ме натера значајно да пораснам како играч. Од сите тренери кои ги имав, мислам дека Синиша беше вистинскиот за мене во тој момент“, кажа Мустафи, па додаде:

„Единствен е кој секогаш разговараше со мене, посебно кога не беше задоволен“.

Соработката со Михајловиќ го направи еден од најдобрите дефанзивци во Италија, а подоцна тоа му донесе и место во репрезентацијата на Германија.