Connect with us

Фудбал

Мутињо се враќа на Естадио Драгао

Португалскиот гигант Порто, ќе се обиде по пауза од неколку сезони, повторно на располагање да ги има услугите на португалскиот интернационалец од редовите на Монако, Жоао Мутињо.

Одличниот играч за врска е проценет на околу 15 мил. евра, а се погласни се шпекулациите дека Мутињо ќе ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок.

Доколку ја прифати понудата да се врати на “Драгао”, репрезентативецот на Португалија ќе добие годишна плата не помала од 3 мил. евра, но ќе ја добие и капитенската лента.