Connect with us

Кошарка

МЗТ Скопје поразен од Цибона

МЗТ Скопје Аеродром го забележа третиот пораз во регоналната кошаркарска АБА лига, откако синоќа на домашен терен загуби од Цибона со 83:76.

Малиот број постигнати поени во последната четвртина, само 11 и големата разлика во бројот на скокови (24-36) се клучните причини за поразот на „штрковите“.

Бојан Трајковски со 25 поени беше најефикасен кај МЗТ Скопје Аеродром, Јуре Лалиќ постигна 16 поени, Ерик Гарсија 14, а Дамјан Стојановски 12 поени. Лука Жориќ со 25 беше најдобар поединец во хрватската екипа.

По пет рунди лидер на табелата е Будуќност со 9 бода. Цибона е на делба од 2-6. место со 8 бода, МЗТ е во групата на пет екипи од 7-11. место со по 7 бодови.

Следен противник за македонскиот шампион во АБА-лигата е Црвена ѕвезда, в понеделник во Белград.