Connect with us

Кошарка

МЗТ Скопје триумфално во Тузла

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја одиграа една од најдобрите партии сезонава на гостински терен во АБА2-лигата. Вечерва, лесно ја совлада екипата на Слобода Тузла 82-69, во меч од 12. коло од регионалното натпреварување.

Составот од „Јане Сандански“ беше доминантен во секој елемент од играта, со оглед што постигна десет тројки со 40-отстотна прецизност.

Ѓорѓе Милошевиќ средбата ја заврши како најефикасен со 19 поени, шест скока и четири асистенции, додека веднаш зад него беше Ерон Харис со 18 поени и пет украдени топки. Двоцифрен поентерски ефект кај аеродромци имаа уште Бојан Крстевски и Џабари Хиндс со по 13 поени

Ова беше деветта победа во 12. меч за сино-белите во АБА2-лигата, а трета во шестиот дуел на гостински терен, за задржување на второто место на табелата.