Connect with us

Фудбал

На адреса на Динамо Загреб стигна понуда од Барселона

Динако Загреб со години го привлекува вниманието на богатите европски клубови, кои се подготвени да издвојат големи суми за фудбалери на „Модрите“.

Последната „златна кокошка“ сосема сигурно ќе биде Дани Олмо, поранешен член на „Ла Масија“ на Барселона и кој покажа одлични игри во групната фаза од Лигата на шампионите.

По понудата од Мехенгладбах, стигна и од Барселона. Финансиските детали не се познати, но новопечениот репрезентативец на Шпанија е проценет на 35 милиони евра. Релна цела и можност за Динамо Загреб.