Фудбал
На чекор до финале, предност од 2:0 за ПСЖ на полувреме
ПСЖ и Лајпциг во моментов водат битка за место во финалето од Лигата на шампионите. Парижаните покажаа нешто подобра игра во првото полувреме и заслужено водат со 2:0.
Шампионот на Франција дојде во водство уште на почетокот на натпреварот, односно во 13. минута од натпреварот кога Маркињос погоди за 1:0.
Во 42. минута од натпреварот одличната акција Ди Марија ја претвори во гол и зголемува на 2:0.
Дали Лајпциг ќе најде сили и ќе се врати во игра по паузата останува да видиме.