Connect with us

Фудбал

На две кола до крајот на квалификациите, шест селекции обезбедија пласман на ЕП 2020

До крајот на квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2020 остануваат уште две кола, кои ќе се одиграат во ноември. Досега шест репрезентации имаат убедливо водство во своите групи, а тоа значи дека веќе обезбедиле пласман на континенталниот собир.

Од Б-групата Украина го обезбеди првото место, од групата-Ф Шпанија ја заврши својата работа на две кола до крајот, во групата во која настапува македонската репрезентација, на две кола пред крајот, Полска го обезбеди настапот на евро-шампионатот.

Белгија и Русија се двата патника на ЕУРО 2020 од квалификациската група И.

Шестиот патник кој си обезбеди место на ЕП во октомври е Италија која заврши прва во Ј-групата, иако иам до крајот да одигра уште две кола.

Европското првенство ќе се одржи во 12 града низ континентот во периодот од 12 јуни до 12 јули 2020 година.

Жрепката е закажана за 30 ноември во Букурешт.