Фудбал
На Инзаги му пораснаа апетитите, во Рим стигнува напаѓач на Барселона?
Италијанските медиуми тврдат дека по завршувањето на сезоната Чиро Имобиле заминува од Лацио и ќе се пресели во Наполи. А, кој ќе го замени. Според италијанските медиуми тоа ќе биде Луис Суарез.
Тој подолго време не е во комбинација за настапи поради повреда, а најави одамна постојат дека ќе замине од Барселона, бидејќи Каталонците сакаат да отворат место за нови и млади напаѓачи. Нивната желба се Нејмар и Лаутаро Мартинез.
Наводно Луис Суарез се согласил да се пресели во Рим, а на тренерот на Лацио Симоне Инзаги, кој има фантастична сезона, веројатно му пораснаа апетитите. Како игра Лацио оваа сезона, со неколку квалитетни засилувања, сигурно дека и следната сезона ќе биде кандидат за титулата.
И оваа има шанси, доколку се доигра, има само еден бод помалку од лидерот Јувентус.