Connect with us

Фудбал

На Клоп сепак му требаше токму тоа: Кеита му постави ултиматум на тренерот на Ливерпул

Манчестер Јунајтед и Ливерпул утре ќе одиграат големо дерби во рамките на третото коло од англиската Премиер лига.

Најголемите англиски ривали не ја отворија добро сезоната и утре е можност двата клуба да ги поправат своите навивачи за лошите игри.

Манчестер Јунајтед претрпе два порази од Брајтон и Брентфорд, а од друга страна Ливерпул успеа да освои само два бода од Фулам и Кристал Палас.

Тренерот на гостинскиот тим Јирген Клоп ќе има многу проблеми за утрешниот натпревар поради се поголемиот список на повредени играчи. Клоп нема да може да смета на Тиаго кој се повреди во минатото коло и ќе мора да најде друго решение во средниот ред.

Сепак, англиските медиуми пренесуваат дека Клоп добил и уште еден неочекуван проблем, а тоа е Наби Кеита.

Очигледно овој играч од средниот ред е незадоволен од својот статус во Ливерпул и му рекол на Клоп дека сака утре од првата минута да игра против Манчестер Јунајтед. Кеита не е задоволен од минутажата и тоа што најголемиот дел од натпреварите ги започнува од клупата за резерви.

Затоа се надева дека утре ќе игра од првата минута наместо Тиаго и на овој начин Клоп би покажал дека сериозно смета на него.

Наводно, доколку Кеита не игра утре од првата минута, му порачал на Клоп и на клупските челници дека на секој начин ќе се обиде да го напушти Ливерпул до крајот на преодниот рок.

Кеита ги стопираше преговорите за нов договор иако Клоп сака тој да биде дел од неговиот тим. Сепак, Кеита сака многу поголема минутажа од моментално, но покрај силната конкуренција во средниот ред, не е баш сигурно дека Клоп може да го исполни тоа.