Connect with us

Фудбал

На Конте му недостасува Италија

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте, кој минатата сезона го предводеше Челзи до шампионскиот трофеј, изјави дека сака да се врати во Италија.

Конте има актуелен договор со Челзи до 2019 година и сега за сега не размислува да прифаќа друга понуда во странство.

-Кина? Нема теорија. Бундеслига? Тешко ми е за тоа сега да зборувам. Ми недостига Италија. Убаво е да се доживее друга земја и странско првенство, но сакам повторно да работам во Италија. Никогаш не сум настојувал премногу долго да останам во странство. Никогаш не знаеш каде ќе завршиш како тренер, но јас знам, истакна италијанскиот стручњак.

Конте со Јувентус освои три шампионски титули, а потоа се преселил во Англија и веднаш стана првак со Челзи.

Advertisement