Connect with us

Фудбал

На Манџукиќ навистина не му оди, му пропадна трансферот

Иако медиумите пишуваа дека во јануари сигурно ќе се пресели во Манчестер Јунајтед, сепак на крајот испадна дека Манџукиќ не е во плановите на „Црвените ѓаволи“.

Потоа се појави нова информација дека ќе ја продилжи кариерата во Катар. Според италијанските медиуми Хрватот бил во оваа земја на лекарски прегледи во тимот Ал Духаил, а кога требало да го стави својот потпис, договорот пропаднал.

Причина за тоа се финансиите, бидејќи двете страни не се договориле околу личните услови на фудбалерот,

Тој се вратил во Италија, а најверојатно Катар повеќе нема да биде опција, па ќе мора да се бара друго решение.