Connect with us

Фудбал

На Милан понудена sвездата на Ла Лига, црвено-црните одбиваат

Средба за трансферот меѓу Иван Газидис, Фредерик Масара и Паоло Малдини се случи во понеделникот попладне во Милано.

Тројцата лидери на црвено-црните ја анализираа состојбата со постојните преговори и играчите кои им беа понудени на Милан во последниот период.

Меѓу нив се чини дека бил Диего Коста, кој се оддалечува од Атлетико Мадрид.

Се чини дека мала е веројатноста идејата за Хорхе Мендес да се оствари.

Според „Calciomercato.com“, Милан не го интересира шпанскиот напаѓач.

Планот А во нападот останува Ибрахимовиќ, додека другиот се заснова на пронаоѓање на искусен напаѓач, но да биде помлад од Диего Коста.