Connect with us

Фудбал

На Олд Трафорд веќе го избраа наследникот на Солскјер

Кристијано Роналдо го спаси Оле Гунар Солскајер од отказ на клупата на Манчестер Јунајтед.

Солскјаер има навистина одличен тим на располагање, но не успева да ја пронајде вистинската рамнотежа и да играат според очекувањата, поради што често се шпекулира за негово отпуштање.

Иако ја има поддршката од играчите, реалноста е дека на норвешкиот тренер добро се тресе столчето на Олд Трафорд и не треба да се исклучи евентуален отказ.

Дејли Стар денеска пишува дека Манчестер Јунајтед веќе избрал можен наследник. Тоа е Антонио Конте.

Конте е еден од најдобрите слободни тренери во светот. Има силна рака, знае како да воведе ред во тимот и да ја задржи дисциплината, се што можеби ќе им треба на „црвените ѓаволи“ во овој момент.

Италијанецот веќе се докажа во Премиер лигата каде беше шампион со Челзи и го освои ФА Купот и немаше да има проблеми да се адаптира.

Конте е многу амбициозен тренер, кој секогаш бара конкурентен и квалитетен тим што сигурно би го освоил на „Олд Трафорд“.

Сепак, Солскајер ќе опстане уште некое време, благодарение на Кристијано Роналдо кој погоди за победата над Аталанта во Лигата на шампионите.

„Црвените ѓаволи“ во недела играат против Ливерпул, а во отсуство на позитивен резултат, отказот на Солскајер не би бил изненадување.