Connect with us

Други спортови

На Серена и е „интересно“ што е фаворит за освојување на Ју Ес Опен

Денеска започнува Ју Ес Опен и за многумина, во женска конкуренција фаворит за освојување на титулата е домашната претставничка Серена Вилијамс.

Американката успеа да се врати меѓу најдобрите 30 на ВТА листата, но шесткратниот освојувач на Ју Ес Опен не е претерано оптимистична пред последниот Гранд Слем во оваа сезона.

„Тоа дека сум фаворит, скоро година дена после породувањето е прилично интересно. Чувствувам дека се е поинаку, во смисла дека живеам поинаков живот, игран на Ју Ес Опен како мајка. Сето ова е ново“ кажа Серена.

„Ако ништо друго, сега чувствувам оган во стомакот. Навистина е тешко да се опише. Мислев дека после породувањето ќе бидам по опуштена, но не сум“, додаде Серена.

„Ќе морам да играм. Ако сакам да бидам најдобра, тогаш морам да ги добијам сите натпреварувачи. Ќе продолжам да се трудам“ кажа Американаката.