Фудбал
На Спалети не му беше тешко да каже кој е најдобриот фудбалер што некогаш го тренирал
Лучијано Спалети беше избран за нов тренер на Наполи пред почетокот на оваа сезона и се чини дека тоа беше многу добар потег на клубот од Неапол.
Наполи моментално е прв на табелата со максимални 24 бодови бидејќи ги оствари сите осум победи во досегашниот тек од сезоната.
Наполитанците утре ги очекува дерби во Рим, каде што ќе гостуваат на тимот на Рома, а за Спалети тоа сигурно ќе биде специјален натпревар, со оглед на тоа дека во неколку наврати ја тренираше „Волчицата“.
Спалети утре се враќа на Олимпико каде не е во најдобар однос со сите навивачи на Рома. Многумина од нив во претходниот ангажман во клубот најмногу му замеруваа поради тоа што легендарниот Франческо Тоти пречесто седеше на клупата.
Италијанскиот стручњак пред утрешниот натпревар проговори за Тоти и изјави дека тој е најдобриот фудбалер кој го тренирал во својата тренерска кариера.
„Тој е најдобриот фудбалер што некогаш сум го тренирал и еден од најдобрите што ги имала оваа земја. Направив некои работи за него за кои мислев дека нема да ги направам за еден од моите играчи, но би го направил сето тоа одново. Сакав да го тренира Тоти затоа што беше фантастичен фудбалер“, рече Спалети.
Тој рече дека не му е првпат да доаѓа на Олимпико како тренер на другиот тим и сигурно е дека овој пат ќе му биде малку полесно.
„Веќе го поминав сето тоа. Не ги заслужувам тие свирежи од трибините бидејќи знам колку сакам и колку и дадов на Рома. Се надевам дека тоа нема да се случи утре, но за жал се е можно“, додаде тренерот на Наполи.