Connect with us

Фудбал

На таткото на Јамал е во стабилна состојба по неколку убоди со нож, полицијата уапсила три лица во врска со нападот

Таткото на Јамал, Мунир Насрауи е добро по неколку убодни рани и е надвор од животна опасност, според последните вести од Шпанија. Мунир Насрауи, таткото на глобалната фудбалска сензација Ламине Јамал, синоќа беше избоден со нож на паркинг во градот Матар. Мунир веднаш бил префрлен во болницата Кан Рути во Бадалона, а иако првите прогнози биле сериозни, тој се чувствува добро и е надвор од животна опасност, јавуваат шпанските медиуми. „Ел Мундо Депортиво“ објави дека три лица се уапсени за нападот и се во притвор, а на социјалните мрежи се појавија видеа од таткото на Јамал како се расправа со нив пред нападот.