Connect with us

Фудбал

Над 2.000 Албанци во Белград на мечот Партизан – Скендербег

Повеќе од 2.000 Албанци од југоисточна Србија планираат да пристигнат во Белград вечерва за натпреварот меѓу Партизан и Скендербег, пренесеуваат српските медиуми повикувфајќи се на текст на „Прешва јоне“.

Иако според договорот клубовите, не треба да има гостински навивачи, сепак, локалните медиуми од јужна Србија очекуваат доаѓање на Албанците од Прешево, Бујановац, Медвеѓа, Ниш и Врање.

Партизан презеде големи безбедносни мерки за да спречи какви било инциденти кои би можеле да предизвикаат исклучување на клубот од европските нетпреваеувања.

Партизан одигра нерешено 0-0 против Скендербег пред две недели во Елбасан, па денеска црно-белите се со императив за победата доколку сакаат да останат во игра за пласман во вториот круг.