Connect with us

Други спортови

Надал: Да не беа повредите, ќе бев подобар од Сампрас

Рафаел Надал изрази мислење дека ако немал проблеми со повредите, може ќе го подобри рекордот на Пит Сампрас од шест пласмани на првото место на АТП листата.

Шпанскиот тенисер го напушти финалниот Мастерс турнир на најдобрите осум вчера по поразот од Стефанос Циципас во три сета. Финалистот во трките во 2010 и 2013 година не стигна до полуфиналето, откако минатогодишниот шампион во групата „Андре Агаси“, Александар Зверев, го совлада Данил Медведев.

Сепак, Надал ја заврши годината како играч број 1 во светот по петти пат во својата кариера, откако Новак Ѓоковиќ не успеа да ја прескокне групата по два порази на неговите три средби. 19-кратниот Гренд-слем шампион, кој триумфираше на Ролан Гарос и „Ју Ес Опен“ оваа година, изјави по завршувањето на дуелот со грчкиот талент дека чуствува олеснување и задоволство што уште еднаш ја заврши календарската година како најдобар тенисер на светот .

– Мислам дека овој трофеј е олицетворение на напорната работа во текот на целата година – прекрасна од секој аспект. Овој трофеј во моите раце е големо лично задоволство. Имаше неколку деморализирачки моменти во текот на сезоната во врска со физичките проблеми, но јас сум крајно среќен со сè. Големата разлика помеѓу првата до денес – 11 години е огромна работа. Не знам дали некој го постигнал тоа или не, но е нешто тешко да се постигне, рече Шпанецот, кој ја заврши годината како број 1 за прв пат во 2008 година.