Connect with us

Други спортови

Надал до Ѓоковиќ: Ќе мора да се вакцинираш против коронавирус

Новак Ѓоковиќ пред неколку дена предизвика лавина реакции пред се во Србија, па и во светот, откако во еден онлајн разговор со негови колеги спортисти изјави дека тој нема намера да се вакцинира, и ако има избор нема да го стори тоа. Ѓоковиќ воедно додаде дека вакцината против коронавирусот, или Ковид-19 не треба да биде задолжителна.

За оваа изјава беше критикуван од многу луѓе, пред се здравствени власти.

Сега се јави и Рафаел Надал.

-Јас сум никој. Не знам. Никој не може да бара ништо од некого, секој има право да прави што сака. Но, ако тој некој е дел од АТП турнирите, тогаш би морал да се придржува до правилата на турнирите, се разбира и доколку вакцинацијата биде задолжителна за да сите се заштитат. Ѓоковиќ ќе мора да се вакцинира ако сака да продолжи да игра тенис на највисоко ниво, исто како и јас, вели Надал.