Connect with us

Други спортови

Надал го задржа стопроцентниот ефект во Барселона

Шпанецот Рафаел Надал го победи грчкиот тенисер Стефанос Циципас во завршниот меч на АТП турнирот во Барселона. За Надал ова беше 11. трофеј во исто толку финалиња во каталонскиот град.

Домашниот тенисер за само 1 час и 18 минути го реши мечот со 2-0, по сетови 6:2 и 6:1.

Наградниот фонд изнесуваше 2,5 милиони евра.