Connect with us

Други спортови

Надал победник на Роџерс купот

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал забележа лесен триумф над Гркот Стефанос Циципас синоќа во финалето на Роџерс купот во Торонто, Канада.

За Надал ова беше 80. трофеј од АТП турнирите.

Мечот траеше 1 час и 43 минути и заврши со резултат 6:2 и 7:6.

Наградниот фонд на Мастерсот во Торонто изнесуваше 5,3 милиони долари.