Connect with us

Други спортови

Надал преку Делбонис до трето коло на Австралија опен

Првиот светски рекет Рафаел Надал денеска го совлада Аргентинецот Федерико Делбонис со 3-0, по сетови 6:3, 7:6 и 6:1 и се пласира во третото коло на Грен слемот Австралија опен.

Мечот траеше два часа и 30 минути.

Во следното коло ривал на Шпанецот ќе биде неговиот сонародник Пабло Карено Буста.

Вкупниот награден фонд на првиот од четири Грен слем што се играат во текот на годината изнесува 49,1 милиони долари.