Connect with us

Други спортови

Надал се повлече од Мастерсот во Париз

Најдобриот светски тенисер Рафаел Надал се повлече од Мастерсот во Париз поради повреда на десното колено.

Со неговото повлекување од турнирот пласман во полуфиналето без борба избори српскиот тенисер Филип Крајиновиќ.

– Тажен ден за мене и за турнирот. Дојдов да играм најдобро што можам, но имам големи болки. Се надевав дека ќе имам доволно време за одмор меѓу двата меча, но беше невозможно да се играм во петок. Ова не значи дека дефинитивно нема да играм во Лондон, соопшти Надал.

Надал досега во својата кариера нема триумф на Мастерсот во Париз.

Крајиновиќ кој е прв полуфиналист утре ќе игра со победникот од мечот меѓу Хуан Мартин дел Потро и Џон Изнер.