Connect with us

Други спортови

Надал за Коби Брајант: Ова е ден кој сакате да го заборавите (ВИДЕО)

Рафаел Надал по мечот со Кирјос и победата од 3:1 зборуваше за големата трагедија која се случи и смртта на Коби Брајант. Меѓудругото рече дека ова е ден кој сака да го заборави.

-Што можам да кажам…Се разбудив со ужасна вест, многу сум тажен. Тој беше еден од најдобрите спортисти во историјата на спортот. Така да…заслужува голем аплауз, изјави Надал и додаде:

-Не поминував многу време со него, но го запознав. Мој блисок пријател Пау Гасол играше долго време со него. Тој секогаш ми зборуваше дека е голем работник, секогаш сакал повеќе. Беше инспирација на многу деца. Ова е еден од оние денови кои сакате да ги заборавите. Коби Брајант ќе биде во нашите срца до крајот на животот, изјави Надал.