Connect with us

Кошарка

Награда од 3.000.000 денари за македонските кошаркари кои ја освоија Б дивизијата

Македонските кошаркари, дел од репрезентацијата до 18 години ќе поделат парична награда од 3.000.000 денари откако ја освоија Б дивизијата. Ова го соопшти премиерот Мицкоски.

-На мој предлог денес Владата донесе одлука за награда во износ од три милиони денари на кошаркарите до 18 години кои освоија злато на Европското кошаркарско првенство. Оваа „златна” генерација донесе 8 победи за Македонија. Горди сме на нивниот успех, со срце и енергија за Македонија и нејзината спортска промоција, напиша Мицкоски на фејсбук.